fbpx

Темелите за почетокот на работите за Основното училиште во Мала Речица среде изборната кампања граѓаните го сметаат како исмејување на народот и обид на ДУИ да добие политички поени. Тие велат дека проектот беше ветуван повеќе од една деценија, но досега не беше сторено ништо.

„Не верувам дека ќе се направи затоа што досега не беш направено, сега за што? Нека поминеа изборите, нека почнеа, тогаш можеби нешто ќе се направеше…

„Се надеваме, но не веруваме. Досега имаше многу ветувања. Можеби чекаа до сега, тоа е само за кампања…

„Ни ветуваа многу, но ништо нема. Ќе видиме сега. Работеа и пред овие избори, но ништо не се случи. Секогаш имаме надеж, надежта никогаш не умира“, рекоа граѓаните.

Одговорниот на работите вели дека според договорот, објектот треба да биде готов за 11 месеци.

„Како компанија, ние сме подготвени во рок од 11 месеци во нормални одредби, во рамките на овие нормални одредби ние сме подготвени, гарантираме дека ќе ги завршиме работи во рокот за реализација на работите“, рече Бехар Алими, одговорен за градежните работи.

Од Министерството за образование велат дека не станува збор за градежни работи среде изборна кампањата, туку за инвестиции предвидени за 2020 година. Изградбата на училиштето во Мала Речица ДУИ ја ветуваше во сите изборни циклуси. Во отсуство на училиште во оваа населба каде се наоѓа и седиштето на партијата, над 800 ученици посетуваат настава во централното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...