fbpx

Земјава денеска бележи повеќе оздравени отколку новозаразени. 123 лица ја добија битката со коронавирусот, додека 88 резултираа позитивни од 973 извршени тестови. Од нив, 30 се во Скопје, 13 во Штип и 11 во Струга. Вкупниот број на заразени досега е 8.197, а активни се 3.486 случаи. Најголем број излекувани последново деноноќие имало во Скопје, 70. Со последниот извештај, вкупниот број на оздравени досега се искачи на 4.326. Министерот Филипче од Свети Николе попладнево рече дека има пораст на нови случаи последниве денови во оваа општина на истокот на Македонија.

„Во посета сме во Свети Николе каде имаме поголем бран на заразени. Во овој град бројот на заболени е околу 100 случаи, потеклото на бранот се поврзува со кластер од Штип. Најголемиот дел од заразените се од конфекцијата во градот“, изјави Филипче.

Во последните 24 часа 3 лица починаа, со што вкупниот број на жртви од Ковид 19 во земјава достигна 385. Од починатите двајца беа од Скопје и едно лице од Штип. Досега се направени околу 78 илјади тестови.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...