fbpx

Здравствениот систем на државата се подготвува за новиот бран на пандемијата, кој се очекува да пристигне на есен. Кај Клиниката за пулмологија работниците ги поставуваат водоводните цевки и електричните кабли. Наскоро во овие 22 бараки на 450 м2 че треба да пристигне и медицинските опрема и дополнителен мебел.

Додека Клиниката за пулмологија е преполна со пациенти, тука во нејзиниот двор се подготвуваат модуларните објекти за амбулантски услуги за пациентите, осомничени со Ковид-19.

 Вакви  мобилни болници ќе се изградат во 16 општини, но тие се уште остануваат проекти на хартија. Од Министерството за здравство ни рекои дека од почетокот на август ќе  започнат работите во овие мобилни објекти, но без дасе  прецизира кога ќе бидат подготвени за прием на пацинети.

 „Конструктивни средби имавме со 16 општини на регионално ниво на РСМ и во поглед на инфраструктурата, медицинските опреми, кадри или лаборатории, за сето ова има детална анализа како ние можеме полесно да го надминеме овој бран кој може да ни претстои.

 Од  Министерството за здравство велат дека овие простории кај бараките на Пулмологоја  ќе бидат готови за пациентите кон средината на август. Само овој проект чини 122 илјади евра.

 

Gazetar: Adnan Qaili

 

 

Shpërndaj me

Loading...