Автомобизмот ќе биде единствениот спорт во Македонија што може да биде активен во текот на летото, бидејќи Македонската автомобилска федерација го објави календарот за натпревари за новата сезона, кој претрпе некои измени поради пандемијата со „Ковид 19“. На официјалната вебстраница на Автомобилската федерација на Македонија се наоѓа календарот на натпревари, кој не е конечен и кој ќе претрпи измени во зависност од мерките што владата ќе ги донесе во наредниот период. Автомобилскиот шампионат се очекува да започне на 27 јуни, а ќе има 15 трки сезонава.

Shpërndaj me

Loading...