Во недела околу 280 лица од целата земја ќе бидат ослободени од државен карантин во „Хотелот Дрим“ во Струга. На нив веќе им се обезбедени документи што треба да ги пополнат пред да ја напуштат изолацијата и мерките што мора да ги следат во наредните денови.

Граѓаните кои се таму велат дека досега не биле тестирани за Ковид 19. Ешреф Малиќи од Куманово вели дека тој и неговиот син се во карантин по враќањето од Виена, а според мерките што им се предадени, ќе треба уште 14 дена да останат во самоизолација.

„Ние сме тука скоро 10 дена, не ни направеле никакви анализи дали сме заразени од вирусот или не. Како мислат да не пуштаат дома без да нè контролираат. Откако ќе не пуштат од овде уште 14 дена треба да бидам во самоизолација дома без никаква контрола. Само денот кога стигнавме на 30.03.2020, ни ја измерија температурата и ништо друго. Само зедоа белешки дали се жалиме за нешто“, вели Ешреф Малиќи, од Черкез, Куманово.

Во меѓувреме, од Владата најавуваат дека веќе ги поставиле правилата за пуштање дома за лицата кои се во карантин. Oд Владата најавуваат дека лицата излезени од карантин треба сами да обезбедат превоз. Нивниот транспорт ќе се направи за време на полицискиот час во кој било ден во неделата по завршувањето на карантинот, со цел полесно да се контролира нивното движење.

„Лицето кое се пријавува за да ги превезува лицата кои биле во државен карантин, бара одобрение од Владата. Со документот потпишан од Генералниот секретар на Владата, лицето може да ги пренесе граѓаните кои биле во карантин до нивниот дом, без да наиде на никакви пречки. Министерството за внатрешни работи ги пријавува возилата што превезуваат граѓани“, велат од Владата.

Од Владата најавуваат дека не е дозволен групен превоз, освен за семејни случаи, кога заедно ќе ја поминат самоизолацијата на истата адреса. По напуштањето на карантинот, лицата ќе бидат проверени за нивната здравствена состојба. Оние што ќе бидат ослободени од карантин, треба да останат во самоизолација 14 дена. Во моментов, во државен карантин има околу 2.000 лица, околу 3.000 лица добиле решенија за изолација, а во самоизолација се повеќе од 10,000 граѓани.

Мефаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...