Квалитетот на водата во Охридското езеро е од прва категорија. Анализите на Центарот за јавно здравје кои зеле  примероци од водата на целиот потег од Свети Наум до Радожда покажале дека таа е безбедна за капење а само на едно место била од втора категорија.

„Притисокот на Охридското езеро на еко системот е најголем во текот на јули и август, кога се очекува и зголемен број на туристи и кога се очекува и поголема оптеретеност на колекторскиот систем. Имајќи го искуството од минатите години гледаме дека деградација на квалитетот на водата имаме во тој период, кога имаме поголем процент на примероци од втора класа, од трета класа. Очекуваме така и оваа година“, вели Сашо Точков-Центар за јавно здравје Охрид.

Од Јавното претпријатие Колекторски систем најавуваат дека до средината на јуни ќе биде завршена санацијата на колекторот во делот на Охридското Езеро.

„Најголем проблем во санацијата се влажните марамици. Влажните марамици можам да речам дека се зло на 21 век, кои не се распаѓаат, а кои се основа на нив да се таложат се повеќе материјали и да доаѓа до запушување. Но, сето тоа е многу малку во споредба со негрижата од наша страна како мештани. Најдовме доста материјали кои не треба да бидат тука, од типот на градежен шут, ќебиња, јамболии“, рече Владимир Алексиоски-директор на ЈП Колекторски систем.

Целиот проект за санација на колекторскиот систем во струшкиот дел и на санација пречистителната станица кај струшкото село Враништа треба да се реализира во наредниот период.Од ова претпријатие најавуваат и изградба на колекторски систем и кај селото Радожда бидејки сега тој дел од езерото не е покриен.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...