fbpx

Се покренува кривична пријава против директорот на Јавното Претпријатие Гостивар, дека им се закнаувал на организаторите на протестите против Русино. Како што дознава Алсат, по пријавата во полиција од страна на организаторот на протестите, СВР Гостивар, го извести Обвинителството во Гостивар, кое отвори предмети и води истрага за случајот.

Директорот на претпријатието негирал дека се заканувал. Тој дури вели дека ги поддржува овие протести.
“Ние не сме имале проблеми од ваква природа да ги спречуваме да не протестираат, напротив ние сме ги поддржале во тоа. Но, можам да претпоставам дека некој сака да се факторизира споменувајќи имиња на лица кои се носители на јавно функции“.
Демонстрантите од иницијативата „Стоп на Русино“ веќе неколку дена го блокираат влезот на депонијата. Тие имаат поставено шатори за да престојуваат таму и во текот на ноќта. Велат дека нема да заминат од таму без да се исполнат нивните барања.
Од друга страна, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој пред една недела ги поддржуваше протестите, сега го променил мислењето.
“Ова е активност што ние ја поддржувавме бидејќи депонијата Русино е проблем на Гостивар. Ние како локална власт бевме блокирани од централната власт постојано овие три години и не можевме да преземеме конкретни чекори бидејќи надлежностите ни беа одземени. Но сега забележавме дека човекот е платен и зад него стои една политичка партија – во Гостивар се знае кој стои зад него. Одете со камери и видете, прашајте и ќе ви кажат, кои активисти на која партија се, конкретно од ДУИ се”.
Јавното комунално претпријатие, побара асистенција на полицијата да се тргнат демонстрантите за да се обезбеди пристап до депонијата.

Bashkim Sulejmani

Shpërndaj me

Loading...