fbpx

Во понеделник се очекува да биде утврден конечниот модел за реализација на наставниот процес за новата учебна 2020 – 21 година. Според информациите до кои стигна Алсат, предлозите на Министерството за образование денеска биле разгледани и во Кризниот штаб, каде преовладувал ставот дека новата учебна година треба да започне со физичко присуство. Сепак, според извори на Алсат, во наредните денови ќе се одлучи дали предлозите на МОН ќе се однесуваат исто и за училиштата каде што бројот на ученици е мал и не е потребно учениците да се поделат во групи или наставата да се одвива во смени. Според истите извори, конечна проценка треба да дадат меѓународните партнери, невладините организации, СОНК и релевантните институции.

Додека се очекува финалниот модел, Центарот за јавно здравје смета дека училиштата и градинките треба да започнат со работа. Директорот Александар Стојанов рече дека скринингот нема да се применува кај наставниците и персоналот во градинките, но мора да се почитуваат сите протоколи за заштита од вирусот.

Министерството за образование предложи наставниот процес да се спроведе со скратени програми, да се намали бројот на ученици во училниците, да работат во смени, а наставниот час да трае 20 минути и да се реализира учење од далечина.

Mefail Ismali

Shpërndaj me

Loading...