fbpx

Од 1.627 извршени тестови во последните 24 часа има 139 позитивни случаи со Ковид 19. Двоцифрени бројки на заразени се регистрирана во Скопје – 30  случаи, Куманово – 20 случаи, Гостивар – 19 случаи и Штип – 15 случаи.

Нови случаи

СКОПЈЕ – 30 СЛУЧАИ

КУМАНОВО – 20 СЛУЧАИ

ГОСТИВАР – 19 СЛУЧАИ

ШТИП – 15 СЛУЧАИ

ОЗДРАВЕНИ 239 ЛИЦА, 123 ОД НИВ СЕ ОД СКОПЈE

Министерството за здравство информираше дека во текот на последните 24 часа 66 годишен маж од Охрид го загубил животот од Ковид – 19. Со ова вкупниот  број на починати достигна 530, на оздравени 8.487, а вкупно заразени досега биле 12.217. Од овие бројки 3.200 се активни случаи.

Неделниот извештај објавен денеска од Институтот за јавно здравје, покажува дека има зголемување на бројот на млади заразени со овој вирус.
„25,9% од заразените со корона вирус во периодот од 3 до 9 август се лица над 60 години, додека голем број заразени се регистрирани и кај лица на возраст од 30 години до 39 години, односно 18,4%. Од 40-49 години 17.9%

Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје во однос на симптомите пријавени кај пациенти, најчести симптоми се треска (64,0%), малаксаност (41,1%), кашлица (40,2%), болки во грлото (14,8%), главоболка (14,5%), отежнато дишење (11,3%) и губење на чувство за мирис и вкус (10,1%).

Evia Shkopi

Shpërndaj me

Loading...