fbpx

Во Прилеп ситуацијата со Ковид-19 е сериозна, но не е алармантна, констатираше кризниот штаб кој има нови одлуки за ригорозни мерки.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, се воведуваат мерки во работните средини, контроли во институциите, засилени активности на полицијата за носење заштитни маски и ригорозно со мерки во Градскиот пазар.

-Заедно со полицијата, пазараната инспекција, мора да се засилат контролите. Никој нема право со својата неажурност, да ги изложува на ризик критичните групи граѓани. Што се однесува до стопанските субјекти,  денеска ќе ја посетам компанијата „Гентерм“. Ќе разговарам со менаџментот и ќе ги посетам нивните производствени капацитети. Истовремено, комисијата од локалната самоуправа ќе врши засилена контрола врз институциите за начинот на спроведување на мерките за заштита од Ковид-19, изјави Јованоски.

Инфективното одделение при градската болница „Борка Талески“ е на работ на капацитетот. Од можноста да прими 30, сега има 23 пациенти од кои 10 се на кислородна поддршка. Според Мирјана Крстеска, инфектолог и раководител на одделението неопходна е монтажната болница, зашто градот е меѓу првите во кои треба да профункционира.

 

Shpërndaj me

Loading...