fbpx

Советот за безбедност ќе се состане повторно во сабота за да донесе одлука за вонредната состојба. Во Владата досега не е дискутирано дали ќе има нов предлог до Претседателот. Датумот на предвремените избори зависи и од вонредната состојба. Неофицијално, во игра остануваат две опции: повторно  прогласување на вонредна состојба и нејзино прилагодување до 22 дена пред датумот на изборите или промена на датумот во указот за прогласување на изборите од страна на претседателот на Собранието. Која и од овие опции да се случи, за тоа треба да има консензус меѓу политичките партии за избори. Во емисијата  „Патот кон“ на Алсат се дебатираше и за можниот датум.

„Мислам дека 5 јули е прифатлив датум за ДУИ, тоа го кажавме и порано. И разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не е толку голема како што беше на почетокот, потребен е уште еден обид за да се договорат.“

Според СДСМ, изборите мора да се одржат во овој период.

За новиот датум, ВМРО-ДПМНЕ бара сличен консензус како и кога беа откажани изборите на 12 април.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива побара изборите да се одржат на 26 јули.

Adrian Kerimi

Shpërndaj me

Loading...