Приведувањето на словенечкиот министер за економија и вицепремиер Здравко Покавалец, првиот коалициски партнер на премиерот Јанез Јанша, ја тресе словенечката политичка сцена, при што опозицијата бара предвремени избори или гласање доверба на владата.

„Наместо владата да се занимава со проблемите на луѓето, сите ние треба да се справиме со криминални работи што ги достигнуваат нејзините врвови“, се вели во соопштението на новиот претседател на словенечките социјалдемократи Тања Фајон, додавајќи дека оставката на министерот за внатрешни работи Алеш Хојс не е доволна за аферата со медицинска опрема, туку дека целата влада треба да си даде оставка затоа што веќе нема морален легитимитет.

 

Shpërndaj me

Loading...