fbpx

Во среда Собранието ќе ја започне расправата за потврдување на неколкуте претседателски одлуки за воведување на вонредна состојба. Спикерот на Собранието ги стави на дневен ред петте одлуки на Владата и Претседателот кои беа во сила од 18 март до 15 јуни. Вонредните состојби беа прогласени за да може владата да носи уредби со законска сила за справување со пандемијата. Но, за тие да бидат потврдени во Собранието треба „за“ да гласаат 2/3 од пратениците. Парламентарното мнозинство не знае дали ги обезбедиле потребните 80 гласови.

„Опозицијата не кажува како ќе гласа. Сè уште не знаеме дали имаме мнозинство од 2/3”, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ без чии гласови нема да може да се потврдат петте одлуки велат дека од понеделник ќе се координираат за нивниот став. Од партијата на Христијан Мицкоски претходно велеа дека бараат да се расправа за сите одлуки на Владата донесени со декрет за време на вонредната состојба. Нивниот последен став беше дека тие нема да ја поддржат потврдата на вонредната состојба, сè додека претходно не се дебатира за над 250-тте укази на Техничката влада.

Од почетокот на октомври во Собранието се очекува да започне обработката на нацрт-законите предложени од Владата и пратениците. Со европска ѕвезда во Собранието ќе се расправа за Законот за дискриминација, судските такси и законите за стандардите на учениците и студентите со кои државата планира да им ја подмирува киријата поради неможноста да останат во студентските домови.

Адриан Керими

 

Shpërndaj me

Loading...