fbpx

Народната банка и ја одзема лиценцата за работа на Еуростандард банка, чиј мнозински акционер е бизнисменот Трифун Костовски. Утре, до надлежниот суд ќе биде испратено барање за отворање стечајна постапка. Според Гувернерката Анита Бежовска вложени се сите напори оваа банка да не згасне, но кредитните загуби биле големи.

„Укинувањето на дозволата е заради неисполнување на минимални законски услови за работење на банка. Со оглед на тоа што учеството во вкупната банкатраска активност вкупните депозити и кредити се 1,3, 1,7 и 1,6%, воопшто не се доведува прашањето стабилноста на банкарскиот систем.   “

Вкупно 71,5 милиони евра ќе бидат вратени на повеќе од 136 илјади граѓани кои штеделе во оваа банка. На 780 граѓани ќе им бидат делумно вратени заштедените пари бидејќи го надминуват законскиот лимит за обештетување кој изнесува 30 илјади евра.

„Вкупниот износ на депозити на физички лица кој ќе бидат обештетени од страна на Фондот изнесува околи 4,4 милијарди денари. Нашиот тим е подготвен и очекува непречена исплата на обештетувањето на осигураните депозити.“

Гувернерката Бежовска ги повика останатите банки доколку треба, да излезат во пресрет и да ги преземат кредитните обврски што клиентите ги имаат кон банката. Но, последниот збор за тоа како ќе се враќаат обврските ќе го има стечајниот управител. „Се надеваме дека секако стечајниот управник кој ќе биде назначен ќе води сметка и ќе излезе во пресрет на граѓаните кој имаат обврски кон банката. Можноста е за рефинасирање на кредитите на граѓаните од страна на останатите банки во нашиот систем. “

Мнозинскиот акционер Трифун Костовски, во изјава за печатен медиум ја обвини Народна банка за двојна игра на штета на банката и најави прес конференција на која ќе бидат изнесени сите детали. Оваа банка беше основана во 2001 година со околу 170 вработени.

Andrea Çobanova

Shpërndaj me

Loading...