Пред дваесет и една година на 15 јануари 1999 година, се случи еден од најсуровите масакри во војната во Косово. Локацијата беше село Речак, општина Штиме. Српските милиции и паравоени сили убија 45 албански цивили, настан што тогашниот шеф на верификационата мисија на ОБСЕ во Косово, Вилијам Вокер, го опиша како масакр. Настанот засекогаш ја промени историјата на Косово.

За жал немам зборови за да ја опишам мојата лична огорченост или огорченоста на секој што беше со мене во земјата од она што може да се нарече само неописливо ѕверство.

Официјалните изјави на српските институции тврдеа дека настанот е инскениран и оти убиените биле членови на ОВК кои настрадале во борбите.

Но, американскиот претседател Бил Клинтон во видео порака го осуди убиството на албанските цивили, велејќи дека настанот „бил чин на намерно убиство со цел да внесе страв кај луѓето во Косово“.

Настаните во Рачак го зголемија меѓународниот притисок врз Србија. Првата меѓународна конференција која следуваше започна на 6 февруари 1999 година во Рамбује, Франција.

Додека во Франција разговараше за иднината на Косово, на 11 февруари во Рачак илјадници луѓе присуствуваа на погребот на убиените цивили. Преговорите во Рамбује не дадоа резултати бидејќи режимот на Милошевиќ не ги почитуваше меѓународните наредби да се откаже од масакрите во Косово, па на 24 мај НАТО започна со бомбардирањето на воените цели на Србија.

Американскиот претседател Клинтон изјави дека НАТО интервенира за да ја спречи бруталноста на српските сили одговорни за сите злосторства.

Дејствуваме за да заштитиме десетици илјади луѓе. Ние работиме за да спречиме војна од поголеми размери, да спречиме да се создаде буре барут во срцето на Европа, рече поранешниот американски претседател.

Бомбардирањето врз цели на српската армија на Косово и на српска територија, вклучително и во Белград, траеше 78 дена. Со оглед на моќните напади, режимот на Милошевиќ конечно потклекна.

На 10 јуни 1999 година копнените сили на НАТО влегоа во Косово, ден што го означи неговото ослободување. Хашкиот трибунал започна истраги за високи српски официјални лица, но никој не беше директно осуден за злосторствата во Рачак. Слободан Милошевиќ, кој го доби епитетот балкански касап, заврши во Хаг.

Но, дури и по повеќе од две децении, Србија и ден-денеска ги отфрла настаните во Рачак. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 5 декември лани изјави дека масакрот во Рачак е „измислица“. Таа изјава предизвика реакција на американската амбасада во Приштина, нарекувајќи ја провокативна и „неприфатлива“, додека Европската унија соопшти дека настаните во Речак се „неспорни“.

АЛСАТ

Shpërndaj me

Loading...