fbpx

Денеска Тетово регистрираше ново жариште со коронавирус во филијала на банка. Вкупниот број на активни случаи е 389, вклучително и 19 нови регистрирани во последните 24 часа. Од нив 12 се во Тетово, 3 во Боговиње и по еден во Желино, Теарце, Брвеница и Јегуновце. Градоначалникот на Боговиње, општина во која има над 35 активни случаи, вели дека по ублажувањето на мерките, жителите почнале да мислат дека се намалила агресивноста на вирусот. Вкупниот број на жртви во оваа општина од почетокот на пандемијата е 12.

„Се чувствуваат послободни поради фактот дека мерките се укинати. Мислат дека вирусот не е толку агресивен како порано. Дури и сега повеќе се фокусирани на политиката и изборите, а помалку слушаат за вирусот“-рече Албон Џемаили – градоначалник на Боговиње.

Жителите на Теарце, друга општина каде вирусот неодамна доби на интензитет, почнаа да се освестуваат за важноста од почитувањето на превентивните мерки.

„Последнава недела е една од најдобрите од почетокот на пандемијата. Сметам дека со појавата на чести случаи во Теарце и свеста е променета, па од неодамна мерките се почитуваат повеќе отколку на почетокот на пандемијата“-изјави Селајдин Зеќири, кризен штаб- Теарце

Револтирани граѓани пак, велат дека чекаат со часови пред вратите на банките и поштите, а има дури и случаи кога чекаат цел ден и се враќаат дома без да завршат работа.

„Зашто не држите растојание? Затоа што не сакаме, имаме љубов. Не се плашите? Воопшто.“

„Катастрофа. Да чекаш 10 часа за една картичка, нели е срамота тоа? Како не ви е срам, чекаат 200, 300 лица тука. Дали се случило да дојдете и да не завршите работа по цел ден? Да и тоа се случило.“

Досега се регистрирани вкупно 742 случаи во Тетово и околината. Над 250 се излекувани, а 55 лица починаа.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...