fbpx

Во главниот град на Јапонија, Токио, поставени се јавни проѕирни тоалети. Целта на градските власти била да се решат два проблеми при употребата на јавни тоалети. Имено преку проѕирното стакло граѓаните можат да проверат дали некој тоалет е чист без да влезат во него, но и да видат дали е слободен за употреба. Но, имајќи предвид дека не би било убаво некој да ве гледа додека сте во тоалетот, Јапонците и за тоа нашле решение. Штом некој влезе во тоалетот и ја заклучи вратата, стаклото веднаш се замаглува и веќе не се гледа ништо.

Shpërndaj me

Loading...