fbpx

Црна Гора во екот на сезоната ја посетиле за 92 отсто помалку туристи, покажуваат податоците на Националната туристичка организација. Земјата оваа сезона ја посетиле малку повеќе од 15.000 туристи, што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

Хотелиерите и сопствениците на туристички апартмани велат дека речиси ги преполовиле цените, со цел да останат барем на позитивна нула.

Тие не очекуваат да имаат подобра заработка во остатокот од сезоната.

Во најјужниот црногорски град Улцињ, угостителите велат дека немаат ниту пет проценти од минатогодишниот промет. Стариот град не бил толку празен со децении.

Shpërndaj me

Loading...