fbpx

Во четврток жителите на Тетово преку протест ќе побарат од институциите да се преиспита одлуката за поскапување на струјата, и да се формира ново независно тело на местото на Регулаторна комисја. Од советот на организатори велат дека протестот ќе биде организиран со почитување на мерките од Ковид 19.

„Протестот ќе реагира против монополот на услуги на компанијата „ЕВН“ и нивното некоректно однесување кон потрошувачите исто така ќе побараме укинување на РКЕ како орган кој служи за интересите на корпорациите и компаниите кои тераат бизниси со енергетика наместо да го штити интересот на граѓаните и ќе побараме создавање на едно независно арбитрарно тело за верификација на квалитетот на услугите што граѓаните ги добиваат од енергетските компании“, рече Арианит Џафери- Иницијативен совет на протестот.

За поскапувањето на струјата реагираа синдикатите, здруженија како и дел од политичките партии. Коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците, побараа намалување на цената наместо золемување.

„Како земја што се стреми кон Европската унија, ние имаме обврска да се однесуваме во европски дух и да се прилагодиме на европските практики кои секогаш го ставаат граѓанинот на прво место. Во овој поглед цената на електричната енергија да се намали за 20% минимум, со цел да се олесни состојбата на граѓаните додека не се надмине пандемијата“, наведуваат од Колаицијата  АА-Алтернатива.

Граѓаните ќе почнат да плаќаат повисока цена за струја за сметките добиени во септември , и таа ќе важи цела година. Одлуката за зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто според Регулаторна се должи на намалените приходи на енергетските компании.

Андреа Чобанова

 

Shpërndaj me

Loading...