fbpx

Родилки и мајки на деца до 6 годишна возраст најавија протест во четврток пред Владата, против одлуката која ги обврзува да го прекинат продолженото породилно отсуство и да се вратат на своите работни места на 23 септември. Мајките бараат промена на одлуката, односно продолжување на отсуството до крајот на годината, како што претходно препорача Комисијата за инфективни болести.

ВМРО ДПМНЕ ја повикува Владата да ја укине одлуката, со која, како што наведува, се врши насилство врз родителите и се предизвикува хаос .

Министерката Шахпаска изјави дека со повторното отворање на градинките , родителите на деца под 6 години нема причина да не одат на работа. Според неа, има доволно слободни места во градинките за деца со самохрани родители и деца на кои им се вработени двајцата родители.

Анеса Салиху 

 

Shpërndaj me

Loading...