fbpx

Во оваа куќа живеело 11-членото семејство Рамадани од Шипковица до пред една година. Пожарот ги остави без покрив над главата, па во тој период живееја под кирија. Арбен Рамадани, единствениот вработен од ова семејство вели дека Општина Тетово ветила помош од 250 илјади денари, но по една помината година, освен решението, тие не добиле ни еден денар.

„Да, донесена е одлука за парите, но ништо од парите. Одам во општината веќе една година, но тие ми велат ќе видиме, ќе се среди, но нема никаква помош од општината. Под кирија сме откако изгоре куќата. Немаме помош од никого, се соочуваме со сиромаштија, се обидуваме да ја платиме киријата. Искрено, само душата ми знае како се снаоѓам кога ќе дојде месецот да ја платам киријата, водата и струјата. Ништо не останува за децата и семејството“, изјави Арбен Рамадани, Член на семејството.

Единствената помош што семејството ја добило е од пријателите, вели сопственикот на куќата, Зулфи Рамадани.

„Оттогаш живеам под кирија. Киријата не стига, плаќам 150 евра месечно, плаќам и струја, вода, не знам што да кажам, пријателите малку ни помогнаа, не знам што да кажам“, рече Зулфи Рамадани Сопственик.

Од општина Тетово не објаснуваат зошто доцнат со помошта, само ни рекоа дека наскоро семејството ќе ги добиело парите.

Башким Сулејмани

Shpërndaj me

Loading...