fbpx

Полицијата само викендов казнила 906 несовесни граѓани кои не носеле заштитни маски. Збирно од 1 – ви месецов, на територија на цела држава дневно се пишувало во просек над 400 казни за лица кои не носеле маски или вкупно до денеска 2315 глоби од по 20 евра.

МВР:

461 казна 1 – ви јули
470 казни 2 – ри јули
478 казни 3 – ти јули
474 казни 4 – ти јули
432 казни 5 – ти јули

За првите пет дена од јули, полицајците напишале казни за не носење маски во вкупна вредност од 46 илјади и 300 евра. Сепак граѓаните кои ќе бидат казнени на лице место без заштитна опрема, имаат можност да платат половина од казната или само 10 евра ако се плати на лице место. Уредбата за задолжително носење заштитни маски, владата ја донесе на 22 – ри април. Законското решение предвидува носење маска во маркети, банки, пошти, болници и државни институции како и во автомобил ако патниците не се од исто семејство. Маски не треба да носат граѓаните кои:

Уредба на Влада од 22.4.2020:

-Патуваат во автомобил, а се во заедница или домаќинство

-Се движат на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржуваат дозволеното минимално растојание од најмалку две метри од друго лице

Полицијата за неносење маски не казнуваше до 30 – ти април. Казни започнаа да пишуваат од 1 – ви мај. Оваа уредба ќе има важност додека не заврши пандемијата од КОВИД 19 која ја прогласи Светската здравствена организација.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...