Џамиите ги прават последните подготовки за молитвата за Рамазан Бајрам. На влезовите на џамиите што ги посетивме, имаше средства за дезинфекција. Внатре во објектите беа обележани и местата со растојание каде што треба да бидат верниците за време на бајрамската молитва.

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, во бајрамската порака апелираше до верниците да бидат внимателни сè до укинување на мерките.

„Ве молиме, внимавајте на вашето здравје сè додека не се укинат целосно мерките наметнати од пандемијата која го зафати целиот свет бидејќи заштитата на здравјето е важна исламска верска обврска. Драги верници, уште еднаш на крај, срдечни честитки за празникот Рамазан Бајрам, нека ви е честит вам и на сите членови на вашите семејства, на пријателите и најблиските“-изјави Сулејман Реџепи, Поглавар на ИВЗ.

Молитвата ќе почне во 05:46 часот и ќе трае 15 минути. Како дел од мерките против коронавирусот, ИВЗ ја откажа традиционалната централна манифестација со молитвата за Рамазан Бајрам.

АЛСАТ

Shpërndaj me

Loading...