Продолжувањето на англиската Премиер лига можеби нема да се случи на датумот за кој се дискутираше досега, односно 12 јуни. Ричард Мастерс, извршниот директор на првенството ја призна оваа можност.

Денес, клубовите во англиската елита одржаа уште една средба, на која беше решено од утре тимовите да започнат со тренинзи во групи, но без контакт.

– Се фокусиравме на 12 јуни, но без да се посветиме на тој датум. Ние не го сменивме датумот за стартирање, но треба да бидеме флексибилни во овој поглед. Она што не сакаме да се случи е постојано да го придвижуваме датумот. Но, мора да сме флексибилни и да прифаќаме дека ова е процес на чекор-по-чекор, рече Мастерс.

 

Shpërndaj me

Loading...