Белата куќа даде „зелено светло“ за нова средба во блиска иднина меѓу претставниците на Белград и Приштина, по откажувањето на средбата за 27 јуни во Вашингтон, наведува „Гласот на Америка“.

Специјалниот претставник за преговорите меѓу  Белград-Приштина, Ричард Гренел, на видео минатонеделната конференциска врска со активисти на американско-албанската заедница јасно стави до знаење дека оваа шанса не треба да се пропушти, изјави Мартин Вулај, поранешен директор на Албанско-американскиот национален совет.

-Постои тој страв дека САД можат да се чувствуваат фрустрирани од целиот процес, дека и тој самиот може да добие други задачи, доколку проценат дека двете страни не се подготвени за договор. Гренел се сретна со претседателот Трамп и го праша, а тој му даде дозвола да го продолжи процесот, како последно средство, рече Вулај за албанскиот сервис на „Гласот  на Америка“.

Shpërndaj me

Loading...