fbpx

Српскиот претседател Александар Вучиќ не ја исклучи можноста за средба со косовскиот премиер Албин Курти, додавајќи дека добра вест е тоа што тој размислува да ги укине таксите.

– Би било добро да седнеме да разговараме, изјави Вучиќ во утринската емисија на РТС.

– Важно е таксите да бидат укинати, за да може да се разговара. Курти мора да погледне и да разбере дека работите не се толку едноставни како што  изгледаат кога седите во опозиција и можете да зборувате без никаква одговорност, рече Вучиќ.

Тој истакна дека најавата за укинување на таксите е важна, бидејќи во кус период тие нанеле многу штета и оти ќе биде потребен период за опоравување.

На прашањето дали може да седне со Курти да разговара и покрај заканувачките пораки кон Белград, Вучиќ рече дека тој е избор на албанскиот народ кој не може да се доведува во прашање.

Shpërndaj me

Loading...