fbpx

Српскиот претседател и прв човек на партијата Српска напредна странка (СНС), Александар Вучиќ прогласи победа на парламентарните избори, а делот од опозицијата обединета околу Сојуз за Србија (СзС), пак, рече дека е задоволна од бојкотот.

Вучиќ во обраќањето вечерва рече дека неговата партија од речиси сите пребројани гласови, меѓу кои не се и тие од Косово, освоила 63,4 % односно над два милиони гласови.

„Долго сум во политиката, но ваков момент никогаш не сум доживеал. Вечерва добивме огромна доверба од народот, најголема досега во Србија, во услови кога никој не веруваше во тоа… Победивме секаде. Победивме на секое место во дијаспората, победивме дури и таму каде никогаш претходно не сме победиле“, рече Вучиќ.

Два часа пред Вучиќ, односно неколку минути по затворањето на гласачките места во 20 часот, се обрати и претседавачот со опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас. Тој изјави дека „овие лажни избори на Александар Вучиќ не успеаја“ затоа што според информациите на нивните набљудувачи излезноста е помала од 50 %. Бојкотот, рече тој, имаше смисла, го оголи режимот бидејќи се видело како изгледа Србија со притисок на гласачи, бугарски возови, притисоци.

„Идната нова влада нема да има легитимитет“, кажа Ѓилас кој оцени дека сега постојат две можности: режимот да продолжи да работи како порано и да ја доведе земјата во натамошни тензии, или со посредство на Европа, да се дојде до ситуација да имаме фер и чесни избори по сценарио какво што веќе постоело во земји од Западен Балкан.

Според резултатите од Центарот за слободни избори и демократијата од обработени 75,5 % од резултатите, листата на Вучиќ освоила 62.5 % од гласовите. Втора со 10,7 % е партијата СПС на Ивица Дачиќ која беше во коалиција со СНС. Листата на партијата „Спас“, Александар Шапиќ, кој рекоа дека се гледаат како опозиција, освоила 4 %.

Центар за слободни избори и демократијата

Според проекциите кои ги прави Алџезеира ТВ, пак, партијата на Вучиќ во парламентот би освоила околу 190 мета од вкупно 250. Дачиќ ќе има околу 30, а листата на Шапиќ 12. Засега ова се единствените партии кои го поминале цензусот. Во парламентот ќе влезат и партиите на малцинствата за кои нема цензус.
Официјалните резултати од изборите, Републичката изборна комисија (РИК) треба да ги објави во Службен весник, не подоцна од 96 часа по завршувањето на гласањето.

Shpërndaj me

Loading...