fbpx

Не ни треба широк туку ни треба победнички фронт за настап на престојните парламентарни избори, вели лидерот на партијата „Алтернатива“, Африм Гаши, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат. Како што рече Гаши, преговорите коишто се водат се партијата на Зијадин Села, Алијанса за Албанците се одвиваат позитивно и во мошне добар амбиент.

„Јас сум заинтересиран да направиме победнички фронт, не широк фронт. Поважно е да имаме победнички фронт, победничка коалиција или комбинација отколку да внесеме многу партии со сомнителна позадина за кои сметаме дека можат да ја нарушат коалицијата или гласачкиот ефект“, рече Гаши.

 

Shpërndaj me

Loading...