Неџби Хасан и Христо Атанасов, односно Никола Бошковски и Горан Грујевски, како што се нивните вистински идентитети. Неразделните колеги од УБК останаа заборавени во јавноста. Точно по две години откако Врховниот суд во Грција одлучи тие да не бидат екстрадирани во земјава, ситуацијата околу нивната испорака за да им се суди пред домашен суд е непроменета.

Двајцата се официјални баратели на азил во Грција, поради страв од политички реваншизам во Македонија преку политички мотивирани процеси против нив. Од нашето Министерство за правда побарале информации од грчките колеги до каде е процесот за екстрадиција.

„Последната ургенција за одговор на нашето барање за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски е испратено пред еден месец, на 5 мај. Одговор од Република Грција сè уште нема“, велат од министерството за правда.

Никола Бошковски и Горан Грујевски беа уапсени на солунскиот аеродром на 19 – ти октомври 2017 – та година. Грчката полиција ги фати со лажни бугарски пасоши, во обид да стигнат до Унгарија. Против нив има процес за лажните патни исправи. Горан Грујевски е обвинет за масовното децениско прислушување или случајот „Таргет – Тврдина“, додека Бошковски е обвинет како дел од организаторите на крвавиот 27 – ми април. За него постапката за овој процес е запрена сè додека не биде испорачан во земјава.

Бојан Стојановски

 

Shpërndaj me

Loading...