Големиот број на секојдневно нови случаи со коронавирус  го исцрпи медицинскиот персонал. Министерството за здравство во моментов се обидува да им ја олесни работата преку смени, но и да бидат подготвени за сите можни сценарија. Министерот Филипче признава дека недостигот на персонал е предизвик и дека Македонија има малку инфектолози.

Ова е и апелот што медицинската сестра Силвана Рогик им го  упати на граѓаните. Таа заедно со нејзините колеги на Клиниката за инфективни болести и други болници во земјава, се во првите редови на постојана битка со коронавирусот. Таа вели дека заморот расте.

Сè уште не е познато дали големиот број на нови случаи може да се смета за втор бран на КОВИД-19. Алсат неофицијално дознава дека здравствените власти  веќе се соочуваат со дилемата дали вирусот експлодирал  или постојано бил  присутен. Дали минуваме или не низ втор бран не е познато, но едно е сигурно, додека размислуваме за себе треба да размислиме и за исцрпениот  медицински персонал.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...