Првиот ден по отворањето на угостителските објекти пазарните инспекторите забележале серија прекршувања на правилата за работа во локалите. Мерките за превенција од вирусот освен угостителите, го прекршиле и голем број на гости. Инспекторите кои биле на терен биле навредувани и понижувани во локалите каде што вршеле проверки на угостителските објекти и едукација на гостите и персоналот. Пауновски најави казни за непочитувачите на протоколите.

„Ние како Државен пазарен инспекторат мораме да излеземе и од денес, повторно зборувам совеста и свеста на нашите граѓани посебно на угостителите затаи и затоа од денес излегуваме секаде каде што констатираме нарушување и непочитување на протоколите кои се изречени од владата ќе бидеме приморани  да изрекуваме казнени мерки“, рече Стојко Пауновски. Директор на Пазарна инспекција.

Главен проблем на Групацијата на угостители е начинот на кој треба да бидат идентификувани гостите во локалите. Угостителите велат дека немаат никакво овластување да бараат лични податоци на гостите.

„Сите треба да бидеме свесни и одговорни значи тие четири лица и да не седат овде пред да дојдат биле заедно, ме разбирате без разлика ние што ќе ги ограничиме на било каков начин тие четири лица што седнале заедно во угостителски објект, останува на нивната социјална свест за тоа што се случува во моментот“, рече Мартин Ангеловски- Групација на Угостители.

Протоколите за работа ги подготви Комисијата за заразни болести. Денеска од нив не добивме одговор дали дел од правилата за работа ќе се менуваат бидејќи не одговараа на нашите повици. Инспекторатот апелира поголема свесност кај граѓаните при посета на рестораните и баровите. Угостителите пак сметаат дека со овој протокол за работа немаат економска исплатливост.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...