fbpx

Цените на горивата од полноќ се зголемуваат за 1,5 отсто во однос на минатата недела. Новите цени за следните седум дена според Регулаторната комисија за енергетика бележат зголемување од половина до денар и пол. Малопродажните цени на Еуросупер 98 се зголемува за 0,5 денари за еден литар, и од полноќ ќе изнесува 63,5 денари. Цените пак на 95 ката и на Дизел горивото растат за еден денар, и од утре ќе се продаваат за 61,5, односно за 53,5 денари за еден литар. Екстра лесното масло за домаќинства ќе изнесува 53 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР 98                 63,5 ден
ЕУРОСУПЕР 95                 61,5 ден
ЕУРОДИЗЕЛ                      53,5 ден
ЕКСТРА ЛЕСНО МАСЛО 53ден

Од Регулаторната комисија за енергетика сметаат дека  во периодот што следи не се очекуваат значителни поместувања на цените. Според нив цените во моментов се стабилни.

„Ќе се движиме во овие рамки како што ги имаме сега, со мали поместувања или надоле или мали поместувања нагоре. Се разбира, во ова време – невреме  неблагодарно е да се предвидува какви ќе бидат случувањата, затоа што никој не очекуваше да имаме намалување на цената бензините и на дизелот во март и април од шест или седум денари, кои историски не се запаметени во нашата држава“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Полека ситуацијата се стабилизира и на глобално ниво, вели за Алсат Бислимовски. Интересно според него е тоа што кога во светските медиуми се објавуваат вести дека проблемот со пандемијата се намалува, тогаш цената на берзите расте, и обратно.

Цените на нафтата на светските берзи во последните години бележат голем број турбуленции. Па така во 2015 – та еден барел се продаваше за 40 долари, ланската година сумата достигна и 70 долари за еден барел нафта. Македонските граѓани од почетокот на годинава до сега плаќаат за 40 отсто пониски цени за еден литар бензин.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...