Земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници се изземени од забраната за движење во викенди (саботи и недели) од 16:00 часот до 05:00 часот.

Другите земјоделци, пак, од останатите подсектори (сточари, овоштари, поледелци) ако имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство за време за забрната за движење, треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството, да образложат и да остават меил за контакт. Откако Подрачната единица ќе изврши проверка на доставените податоци, ќе ги препрати до Министерството за земјоделство, а потоа и до Министерството за информатичко општество од каде земјоделците на својот меил ќе ја добијат дозволата.

Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски, информирајќи за вчера донесените владини одлуки, стапува во сила и Уредбата според која – додека трае вонредната состојба нема да течат роковите за прибирање понуди за давање во закуп државно земјоделско земјиште до три хектари.

 

Shpërndaj me

Loading...