fbpx

Градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили, е осомничен од тетовската полиција за „несовесно работење
Секторот за внатрешни работи – Тетово поднесе кривична пријава против градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили, под сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење“. Според официјалниот извештај на полицијата, кривична пријава е поднесено и против правно лице – во соптсвеност на А.М. од Боговиње за делото „бесправно градење“. Пријавите се однесуваат за изградбата на водоводен систем иако не доставиле потребна документација за тоа.

МВР
„Градоначалникот на Боговиње, постапи несовесно при вршење на службени должности и прекршувајќи го законот, овозможил почеток на работи за изградба на водовод, без да обезбеди потребна документација и дозвола за почеток на работите. Истиот претходно во име на Општината, преку Општинското јавно претпријатие, има наложено да се ангажира економски оператор, кој иако бил информиран дека за вакви работи нема обезбедена дозвола, го прифатил ангажманот и започнал со работите “.

Во меѓувреме, полицијата и понатаму на терен, и покрај тоа што жителите на двете села Синичане и Урвиќ велат дека постигнале заеднички јазик за привремено снабдување со вода за пиење. Претставникот на Општина Боговиње ги достави до Владата барањата на жителите, со барање за средба која би се одржала во Владата во текот на оваа недела. Покрај веќе познатите барања, жителите на Урвиќ бараат и реконструкција на постојната цевководна мрежа.
„По реконструкцијата на другата постојна мрежа во населеното место Синичане, една цевка која тие ја користат за вода излегува од каналот што го снабдува езерото Маврово, бараат една цевка да остане за жителите на Урвиќ за наводнување на нивните полиња. Основно барање на жителите на Синичане е да замине полицијата и долгорочно да обезбедат вода.

Во меѓувреме, пред неколку дена, против градоначалникот на општина Боговиње беше поднесена уште една кривична пријава за самовластие.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...