fbpx

Град Скопје официјално ја започна постапката за проектот автобуско метро. Вчера е објавен тендерот за изработка на проектна документација за идеен проект за брз автобуски систем во градот Скопје, на трасата Ѓорче Петров – Ново Лисиче односно Запад – Исток.

Понудите за јавниот повик треба да се достават за еден месец односно најдоцна до 3 септември по што ќе се потпишува договор со Европската банка за обнова и развој. Потоа ќе се објави и тендерот за набавка и воведување на новиот јавен превоз во главниот град. Возилата ќе бидат долги 18 метри и ќе работат на хибриден погон. Според проценките на Градот, околу 65 илјади патници на ден ќе ја користат оваа траса и патниците наместо за 70 минути, од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе стигнуваат за околу половина час.

Првичните проценки за воведувањето на новиот јавен превоз се дека ќе чини повеќе од 70 милиони евра.

Shpërndaj me

Loading...