fbpx

Повторно колони и долго чекање на граничниот премин меѓу Северна Македонија и Србија.

„Поради затворањето на границите, моделот „Оне стоп шоп“ или контрола на заедничка гранична точка не функционира. Тоа ги револтира патниците кои го минуваат овој граничен премин и кој се наоѓа на главниот коридор на Европа“

„Можете и сами да видите. Ај, што чекаме долго, туку и многу е жешко. Само луд човек го прави ова.“

„Мислам дека беше подобро кога имаше македонски и српски контроли. Контролата на едно место функционираше побрзо.“

Незадоволни беа и патниците кои транзитираат низ нашата земја.

„На граница чекаме 45 минути. Имавме прекрасно патување и не замислувавме дека ќе чекаме толку долго.“

„Чекам еден час. Не знам што се случува овде, но чекаме долго. Од Србија излеговме брзо, а еве тука чекаме со часови.“

На влезот во Србија, полицијата на Северна Македонија патролира заедно со српската полиција. Сепак, на влезот во Македонија не постојат заеднички контроли. Српските власти велат дека во моментов се изготвува план за распоредување на полицајците, додавајќи дека властите исто така имаат и план за работа доколку границите повторно треба да бидат затворени поради пандемијата.

Адриан Керими

Shpërndaj me

Loading...