fbpx

И во текот на месец август нема да се укинат условите за движење на граѓаните меѓу соседните земји. Комисијата за заразни болести смета дека земјите околу нас се во тешка епидемиолошка состојба предизвикана од Ковид-19. Претседателот на оваа комисија, Жарко Караџоски, изјави дека негативниот ПЦР тест не постар од 72 часа и натаму ќе биде „влезна виза“ во земјата за Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.

 Актуелно, нашите граници остануваат отворени за Бугарија, Грција и Албанија. Но, бидејќи Грција и Бугарија ја блокираа нашата земја според препораките на Шенген зоната, Албанија останува единствената дестинација за слободно движење без никакво условување. Првиот човек на Комисијата за заразни болести изјави дека јавното здравје е приоритет и покрај повекувањето на соседните туристи. Но, со ваквиот став не се согласуваат туристичките агенции. Стотици претставници од овој сектор од целата земја протестираа во Скопје против владините мерки. Од Здружението на туристичките агенции велат дека со загуба од 100% ќе стават катанци на 300 туристички агенции со 5 илјади работници.

„Да ни дадат пари бидејќи знаете како е работата, доколку немаме промет, ние ќе ставиме катанец на агенцијата и јас како вработена немам од каде да примам пари и да живеам. Моето семејство зависи од мене“.

 Од КЗБ истакнуваат дека не препорачале ниедна дополнителна рестриктивна мерка во текот на викендите, кога се совпаѓаат празниците  Бајрам и Илинден. Караџовски апелира до граѓаните  да се избегнат семејните празници или масовните собири, и да користат маски и средства за дезинфекција.

 

Përgatiti: Adnan Qaili

 

 

Shpërndaj me

Loading...