fbpx

Со предлог-мерките на Владата и Градот Скопје против загадувањето на воздухот не се задоволни граѓаните со кои поразговаравме. Велат дека се потребни мерки во кои државата и општините реално ќе инвестираат и кои ќе имаат директно позитивно влијание на подолг рок.

„Најубаво би било граѓаните да се ослободат од плаќање за автобуските линии на градскиот превоз. Се друго не е добро. Или колите да се возат пар – непар, тоа еднаш се случуваше во Југославија, друг начин нема.“

„Една варијанта е автомобилите да се возат пар – непар. Друга варијанта се трамваи и тролебуси… За фабриките не знам како треба.“

„Јас мислам дека нема да се постигне ништо со тие мерки. Истите овие возила се возат и во лето и во пролет па загадување нема. Значи треба поконкретни мерки со многу поголеми вложувања, а кои се тие мерки нека кажат стручњаците“, рекоа анкетираните граѓани.

Проблемот со аерозагадувањето минатава недела ги седна на маса скопските градоначалници и ресорното министерство за екологија. Во борбата против загадувањето се најавува поскапување на паркингот во центарoт на Скопје за граѓаните да се обесхрабрат да возат во центарот, потоа да се евидентираат возилата кои најмногу загадуваат.

Други мерки се да се поттикнат граѓаните да се приклучат на парно греење. Но, овие мерки наидоа на критика кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ која смета дека владата не нуди суштинско решение за проблемот. Критики има и кај голем дел од јавноста кои бараат уште поконкретни и брзи мерки, особено за Скопје кој е еден од најзагадените градови во Европа.

Shpërndaj me

Loading...