Во Тетово и Гостивар присуството на граѓаните е намалено во текот на денот, сепак има поголемо движење пред банките и маркетите, особено на старите лица.

Кризниот штаб на општините Гостивар, Ростуше и Врапчиште одржаа заедничка средба на која ги поставија и новите мерки во борбата против коронавирусот.

“Состојбата во Гостивар и Врапчиште е под контрола. Имаме  само еден официјално потврден случај. Под два, сите препораки на Владата мора строго да се почитуваат. Трето, ние инсистираме како институции сите да се придржуваат кон правилата, личната хигиена, социјалната и физичката дистанца. Под четири, изолација и што помалку контакт со лицата кои се постари и имаат други болести, под пет, институциите да продолжат да комуницираат едни со други за да ги минимизираат последиците и да бидеме поефикасни во работата што ја правиме”, рече Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

Во изолација има 513 лица, 354 во Тетово и 159 во Гостивар, кои редовно се контролираат од полицијата . се работи за лица кои се вратиле од местата со среден и висок ризик. Од петокот, во Тетово и околните општини, во општина Боговиње, Желино, Теарце, Брвеница Челопек и Голема Речица се отворени медицински контролни пунктови и се активирани контакт телефонските броеви во центарот за нега, известуваат од Клиничката болница во Тетово.

“076 365 163;

076 365 120;

075 240 464;

075 200 839;

075 200 339

и 075 445 124”

Башким Сулејмани

Shpërndaj me

Loading...