fbpx

„Ова требаше да се направи пред околу 20 години, тогаш кога влезе во Влада Али Ахмети. Ништо не прават. Самиот тој господин рече, со соништа ништо не се прави. Со соништа не се прави ништо. Сонот вечерва го сонуваш, утре го забораваш“.

“Се што ветиле со години ништо не реализирале. Не ни почнале. Ако почнеа, ќе реализираа нешто“.

“Не воопшто не им верувам. Сите лажат. Треба земјата да ја развијат, од тоа добиваме благодети“.

“20 години сме чекале и 20 други да чекаме, ќе дојде, да даде Господ и ќе дојде…“.

“Не им веруваме затоа што 18 години не направија ништо“.

“Не верувам дека може да биде. Ако Албанците се обединат сите, може да биде, ако не ништо. Ние со години немаме вода. Немаме вода, патиштата не се добри. Секогаш кога има избори има ветувања“.

“Јас апелирам до сите партии да не ветуваат работи кои се фантазии. Нема човек кој не ги научи веќе. Со фантазии ништо не се прави“.

“Ние треба да имаме учени луѓе, да ги тргнеме овие сите. Образовани луѓе треба да бидат таму“.

“Кога сме имале право,  зошто ДУИ од почеток пред 20 години не го направи ова. Насер Зибери пет дена пред да го кандидираат се исмејуваше на таа идеја. Сега тој излегува и вика ќе бидам премиер!“.

“Овој асфалт го мерат  веќе 20-30 пати. Кога доаѓаат избори мерат, кога завршуваат избори не те ни гледаат веќе“.

Alsat

Shpërndaj me

Loading...