fbpx

Државна делегација на САД предводена од Специјалниот советник на американскиот претседател за Србија и Косово, Ричард Гренел и извршниот директор на Меѓународната финансиска корпорација за развој на САД (ДФЦ), Адам Бoлер, утре во Белград ќе остварат средба со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабик.

Од кабинетот на српскиот претседател соопштија дека по средата претставниците на двете делегации ќе потпишат Заедничка изјава.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија и директен учесник во договорот од Вашингтон, Марко Ѓуриќ, во пресрет на посетата на американската делегација, изјави дека доаѓањето на претставници на ДФЦ во Белград е показател дека економскиот договор од Вашингтон се спроведува со молскавична брзина.

Shpërndaj me

Loading...