fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е нападната како никогаш досега во Македонија. Целта е да се скрши ВМРО за да се ослаби Македонија, но нема да успеат, рече на денешната прес-конференција лидерот на партијата Никола Груевски.

– Како никогаш досега во историјата на Република Македонија, па не и на цела Европа не се случило вакво класично политичко гонење на политичките противници. Стотина лица кои се дел од органите или поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ се гонети со цел партијата да се уништи или замолкне, истакна Груевски.

Тој смета дека Специјалното јавно обвинителство е инструмент за политички прогон и затоа сите процеси се против оваа партија.

– Не постои ниту еден историски пример за вакво нешто. Тоа што го зборувавме, тоа и се случи. Станува збор за политички, а не за правен процес. СЈО одамна ја загуби непристрасноста и кредибилитетот во својата работа и стана инструмент за политички прогон. СЈО не е обвинителство, СЈО е канцеларија на СДСМ. Најголем показател дека е политички процес кој има политичка цел е тоа што носи одлуки без никакви правни докази. Процесот е политички, а не правен. Таков политички процес треба да финишира со политика, а не правна цел. Целта е ВМРО, целта е кршење на ВМРО, политичка елиминација и ставање под контрола за поголеми цели кои се потребни за оној кој го креираше целиот овој процес, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Shpërndaj me

Loading...