fbpx

Грција го охрабрила либискиот генерал Калифа Хафтар да биде конструктивен на престојната конференција во Берлин на која треба да се направи обид за завршувањето на војната во Либија, рече грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.

Хафтар во Атина пристигна вчера, а покрај со Дендиас денеска се среќава со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Дендиас рече и дека Атина требала да учествува на конференција за Либија што ќе се одржи во Берлин во недела. На неа ќе присуствуваат лидерите од Турција, Русија, САД, Британија, Кина, Франција и Италија.

Либија е зафатена од насилства по падот на Моамер Гадафи кој беше соборен од власт и убиен во 2011 година. Земјата сега има две влади, едната поддржана од Обединетите нации и се наоѓа во Триполи, а другата е владата на Либиската национална армија предводена од Хафтар.

Shpërndaj me

Loading...