fbpx

Лидерите на политичките партии ги продолжуваат преговорите за новото парламентарно мнозинство, но далеку од очите на јавноста. Партиите од македонскиот политички блок велат дека се во комуникација со сите субјекти, а албанскиот политички блок ги поставил црвените линии пред доделувањето на мандатот. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вчера се сретна со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, со кого дискутирале за изборниот процес. Ниту Ахмети и ниту Касами не открија детали од средбата. Во следните денови, Ахмети, како што се дознава, се очекува да се сретне со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, како единствен пратеник на овој субјект во новиот парламентарен состав. Ахмети се надева дека ќе се сретне и со двајцата лидери на коалицијата „Сега е време“, но изгледа дека од нивна страна нема подготвеност за такво нешто. Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши изјавил дека во коалицијата имало согалсност за комуникација, но по одлуката на ДИК и Управниот суд, Гаши вели дека преговорите со ДУИ веќе немаат логика. Тој додал дека коалицијата која на 15 јули обезбеди 12 мандати е подготвена да гласа за премиерот Албанец. Според Гаши, доколку ДУИ не ја обезбеди премиерската позиција, треба да се повлече од обидите да  биде дел од Владата.

„Нема да помине толку лесно гласањето на Владата без премиер Албанец и тоа Насер Зибери. Доколку биде тој, ние сигурно дека ќе зборуваме со Алијансата и можеме да го поддржиме тој премиер. Но, првин да дојде на дневен ред во Собранието со 61 глас и нашите гласови ќе му се приклучат. На тој начин ДУИ ќе го има легитимитетот на Албанците, а во други ситуации веднаш го губи тој легитимитет“.

Ахмети сега им поддава рака на албанските политички партии откако претходно албанските лидери ги нарече „ништожници“ со кои не прифаќа да седне на маса.

ДУИ откри и план од 5 столбови врз основа на кои треба да се организираат албанските политички активности точки кои воопшто не се земаат во обѕир од страна на албанските партии. Партијата на Ахмети на изборите од 15 јули влезе во трка со главната идеја за премиерската позиција, а неколку дена по изборите ова барање се стави во втор план објавувајќи дека за ДУИ влезен билет во преговорите е почитувањето на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија.

Adrian Kerimi

Shpërndaj me

Loading...