Кога го измислија млекото во прав, тоа беше еден од најупотребуваните изуми, посебно за љубителите на кафе со млеко. Се олесни пристапот и употребата на млекото. Наместо во тетра пакувања или шишиња, имавме производ во прав кој се носеше во чанта.

Истото се случи и со супите и сите останати инстант продукти кои излегоа на пазарот.

Тоа што Данците сега го направија е пиво во прав кое е веднаш подготвено за консумирање, само треба да се растовори во вода. Звучи чудно, да и искрено не знаеме колку може да биде убав вкусот, но како за новитет, веројатно секој би пробал еднаш, ако не повеќе.

Се подготвува на тој начин што се замрзнува и се суши, а потоа се добива сувата материја на пивото која не го менува вкусот.

Во процесот на подготовка испарува водата, но исто така алкохолот. Карактеристичниот вкус на пивото се враќа штом се додаде вода, но за да се добие оригинален вкус на пиво, потребно е да се додаде алкохол.

Сега се наметнува прашањетo? Зошто е потребен целиот овој процес ако потоа мора да се додаде алкохол да се ужива во вистинскиот вкус на пиво?

Затоа, најсигурната варијанта е пиво кое има фантастичен вкус, кое веќе го знаете и можете да уживате во него кога и да посакате. Наш предлог е бeлгиското Leffe, кое е достапно и во Македонија.

Shpërndaj me

Loading...