fbpx

Дваесет и четиригодишна кавадарчанка е нов случај на КОВИД-19, расте бројот на млади позитивни на вирусот во Кавадарци.
Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА информира дека таа не знаела дали имала контакт со заразено лице.

Од почетокот на пандемијата до денеска, во Кавадарци заболеа вкупно 60 лица. Регистриран беше и еден смртен случај во градот со позитивен тест на коронавирус, а стануваше збор за странски државјанин.

Shpërndaj me

Loading...