Најмалку две лица преживеале во падот на патничкиот авион што денеска се урна во Пакистан, пренесе „Скај њуз“, повикувајќи се на соопштение од локалните аеродромски власти.

Како што пренесува агенцијата, авионот „Ербас А320“, сопственост на национална авиокомпанија се урнал во населено подрачје во непосредна близина на аеродромот во Карачи, при што се уништени шест куќи.

Како што се додава во соопштението, последната порака што командната кула ја примила од пилотот било дека екипажот се соочува со технички проблеми, односно дека двата мотора престанале да работат.

Во авионот имало 99 патници и 8 членови на екипажот.

Shpërndaj me

Loading...