fbpx

Две компании се пријавиле на јавниот повик да ја градат дистрибутивната мрежа за гас до домаќинствата. Од министерството за економија не откриваат кои се имињата на двете компании, бидејќи сега следи втора фаза на која ќе се разгледуваат финансиските и техничките можности на компаниите кој аплицирале. Идејата на Владата е преку јавно-приватно партнерство  гасот да стигне до домаќинствата. Компанијата која ќе биде избрана ќе треба во рок од четири години да изгради најмалу 50 отсто од мрежата во градовите и 20 отсо во руралните средини.

Министерство за економија:

На 10 август пристигнаа две пријави за учество. Следи фаза на евалуација на пријавите, односно анализа на нинвната економско – финансиска способност, како и технничка способност во согласност со критериумите

Од оваа грејна сезона болницата „Мајка Тереза“ односно гинекологија Чаир ќе работи на  систем на гас. Оваа болница важеше за еден од најголемите загадувачи во Скопје, бидејќи се грееше на мазут. Инсталацијата на гасоводот чинеше над 270.000 евра.

Ова е само почеоток. Ова е една од зградите која ја конвертираме на гас. Во однос на гасификацијата во државата, на запад верувам дека е изградена 75 проценти  од примарната мрежа, на југ е изградена 90-95 проценти“-изјави Насер Нуредни, министер за животна средина.       

Според Нуредини  секундарната и терциерната мрежа за гасификација на државата ќе продолжи по решавањето на проблемот со ГАМА.

Игор Стефановски

Shpërndaj me

Loading...