fbpx

Близу 6.000 илјади преставки до трудовиот испекторат пристигнале од работниците за првите осум месеци од годинава. Пандемијата со Ковид-19 предизвика двојно зголемување на бројот на поплаки од граѓаните вели првиот човек на трудовиот инспекторат Аљајдин Хавзиу. Најголем број преставки за непочитување на работничките права имало во текстилната индустрија.

„Претходната година во нашата дирекција физички долшле околу 1300 граѓани а за оваа година до денес имаме само 1345 пријави. Аго гледаме електронско пријавување имаме двојно зголемен број на преставки, односно 2000 за претходната година, а оваа година се повеќе од 4500 преставки. Успеавме над 1000 работници да ги вратиме повторно на работа затоа што процесот на отпуштање не бил законски“, изјави Аљајдин Хавзиу- Директор на државен инспекторат за труд.

Бланко договори, откази без почитување на отказен рок, не исплаќање на плата и работење без никаков договор за вработување се дел од проблемите кои граѓаните најчесто ги пријавуваат. Според Хавзиу пандемијата предивикала „пожар“ кој долго време ќе треба да се гаси за да се стабилизира состојбата.

„Апелирам работниците да внимаваат што потпишуваат. Имаме случаи каде работниците потпишале бланко документ и работодавачите можат да го злоупотребат тоа и го злоупотребуваат. Сакам да кажам дека без договор за работа ниту еден работник не треба да работи без разлика дали е пријавен во агенцијата за вработување бидејќи правата и обврските се прециизиараат во договорот за работа“, рече Аљајдин Хавзиу- Директор на државен инспекторат за труд.

Газдите на фимите кои ги прекришиле работничките права се казнуваат со парична казна во зависнот за кое прекршување станува збор, но највисоката казна може да биде и до 3.000 евра. Последните податоци на Агенцијата за вработување говорат дека во последните четири месеци близу 12 илајди граѓани ги загубиле работните места како резулатат на падемијата со Ковид-19.

Андреа Чобанова

 

 

 

 

 

 

Shpërndaj me

Loading...