fbpx

Собранието со задоцнување ја започна дискусијата за избор на заменици министри. Опозицијата го оспорува нивниот кредибилитет и критикува дека се назначуваат стари кадри на нови министерства . Според ВМРО-ДПМНЕ, предложените имиња се косат со програмските дефиниции на Владата.

Премиерот Зоран Заев истакна дека предложените кадри  ќе бидат посветен на реформите и поглавјата за членство во ЕУ.

Од 16 позиции од вториот ешалон, 8 ќе бидат предводени од СДСМ и неговите коалициски партнери. 5 од ДУИ, 2 од Движењето Беса и едно место од ДПА. Седницата не започна на време поради оставка на пратеникот Дамјан Манчевски. На негово место, Собранието со 82 гласа го назначи Диме Велковски. Неофицијално се дознава дека Манчевси ќе биде назначен на функцијата генерален секретар на Владата. На седницата на Собранието, поради мерките против Ковид-19, кандидатите за заменици министри не беа присутни во салата. По гласањето тие ќе дадат заклетва пред претседателот на Собранието.

Adrian Kerimi

Shpërndaj me

Loading...